еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Активни четири пожари, кај Раовиќ, на планината Готен, во Прилепско и Кратовско

Активни се четири пожари во земјава. Се уште е активен пожарот кај селата Раовиќ и Буковиќ во општина Сарај, на недостапен терен кон сртот на планината Осој. Во текот на утринските часови не се гледа ни чад, ни оган на кракот кон селото Раовиќ кај антената на „Т-мобиле“. Се уште гори нискостеблеста мешана и деградирана шума, соопшти на денешната редовна прес-конференција Надица Вчкова од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Се уште е активен пожарот во атарот на селата Ракле, Никодин и Топлица во Општина Прилеп, но засега нема опасност од проширување.

Повторно е активиран пожарот на планината Готен кај село Нивичино, место викано Калинско.

– Во моментов интервенираат лица од Шумско стопанство „Беласица“, а на истиот пожар, кој гори и од страна на беровска територија интервенираат лица од Шумско стопанство „Малешево“ од Берово и од Шумско стопанство „Равна река“, екипа на Територијалната противпожарна единица од Берово, лица од Дирекцијата за заштита и спасување, како и месното население од село Владимирово, изјави Вчкова.

Се уште е активен пожарот во селата Куново, Којково и Луково во Кратовско. Гори шумска постелка и суви корења. Вчкова информира дека во моментов се прави проценка за опасност од проширување на овој пожар, по што ќе биде одлучено за понатамошниот тек за гаснење.

МИА/Фото: МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Кремљ ја призна сопствената агресија врз Украина, ние ќе го браниме нашиот суверенитет“, вели украинскиот министер за одбрана Резников

Редакција

Позитивен на корона вирусот криумчар од Косово кој превезувал 113 мигранти во ладилник

Редакција

Бројката на починати надмина 400: Осум нови пациенти починаа од корона вириусот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница