еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Активни шест пожари, во Скопско, Прилепско, Струмичко, Беровско и Центар Жупа

Во земјава има шест активни пожари. Се уште е активен пожарот кај село Раовиќ, Општина Сарај. Утрово се забележува мало чадење на сртот од планината кон Матка, а чадење со помал интензитет се гледа кај Осој, на линијата меѓу селата Буковиќ кон Чајлане. Интервенираат десетина лица од ловиште „Јасен“, соопшти денеска Надица Вчкова од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

На редовната попладневна прес-конференција за состојбата со пожарите до 17 часот, Вчкова информира дека е активен пожарот во атартот на селата Ракле, Никодин и Топлица во општина Прилеп. Се работи за непристапен терен, а пожарот е активен, но е со многу слаб интензитет и сега за сега нема опасност од проширување. Таму интервенираат вработени од Шумско стопанство од Прилеп.

-На патот Ново Село-Мокриово има нов пожар, каде се опожарени овоштарници и сува трева. Дејствуваат пожарникари од Територијалната противпожарна единица од Струмица, рече Вчкова.

Се уште е активен пожарот кај село Нивичино, Струмичко. Гори нискостеблеста дабова, букова и габерова шума. Пожарот го гаснат екипи од Територијалната противпожарна единица од Струмица и од Шумско стопанство Беласица.

-Истиов пожар кој започна на територија на општина Струмица се пренесе на територија на општина Берово, во месноста Готен. Во моментов е со слаб интензитет, на непристапен висок терен. Се работи за приземјен пожар каде гори деградирана шума, сува трева и деградирани шумски растенија.

Засега не постои можност за проширување на пожарот, а интервенираат екипи од ШС Малешево – Берово, рече Вчкова.

Пожар има и на дива депонија во општина Центар Жупа, меѓу селата Бајрамовци и Црно Боци. Интервенира ТТПЕ од Дебар.

Под контрола е пожарот во атарот на село Држилово, општина Сопиште. Екипи од ШС Караџица и месно население или 30-тина лица се на терен и го гаснат пожарот.

Од ЦУК апелираат граѓаните ако забележат чад или оган, веднаш да пријават во најблиската надлежна институција или на бесплатниот телефонски број за итни повици на ЦУК – 195. Апелираат овој број да не се злоуппотребува за лажни повици.

МИА/Фото: МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Јанкулоска: Нема потреба од спектакли и опсада на зградата во која живеам, ако некој ме бара дома сум

Редакција

Бугарија жали што Чешка и Словачка не се согласуваат за „погрешно толкување на историјата“

Редакција

Складот за гориво во близина на дискотеката во Кочани бил празен, нема поврзаност со сопствениците на „Пулс“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница