еМагазин
Македонија

Актуелниот градоначалник на скопската општина Илинден во трка за нов мандат како независен

Актуелниот градоначалник на општина Илинден, Жика Стојановски денеска потврди дека на локалните избори во октомври ќе се обиде да ја задржи градоначалничката функција поради, како што вели, резултати што ја прават општината една од најуспешните на национално ниво во однос на одржливиот економски раст и развој.

Стојановски информира дека неговата кандидатура како независен кандидат за градоначалник е потврдена и дека за само неколку часа собрани се повеќе од потребниот број на потписи во канцеларијата на Државна изборна комисија.

-Со кандидатурата за градоначалник следува листа на кандидати за членови на општинскиот Совет, тоа се добри и чесни луѓе кои знаат како храбро и сигурно да се соочат со проблемите на секое населено место и секој поединец, вели Стојановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Собрани потписи за четири независни кандидатски листи, рокот е до 30 август до 24 часот

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче до МПЦ и ИВЗ: Секое неодговорно собирање ќе нè врати на почеток на епидемијата

Редакција

Забраната за имињата на бугарските здруженија не е цензура и е уставна, оцени Уставниот суд

Редакција

Коалицијата „Можеме“ на СДСМ за изборната кампања прибрала донации од 231.000 евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница