еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Ковид-19 забрзано се шири меѓу лица на возраст од 25 до 59 години низ целиот свет

Светот може да ја стави под контрола глобалната пандемија на Ковид-19 во следните месеци ако правилно ги распореди ресурсите, изјави генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, на брифинг со новинарите.

– Имаме средства да ја ставиме оваа пандемија под контрола за неколку месеци, доколку ги примениме доследно и правично, рече Тедрос.

Сепак, тој изрази загриженост за „алармантната стапка“ со која Ковид-19 се шири меѓу оние на возраст од 25 до 59 години низ целиот свет, веројатно поради појавата на многу позаразни варијанти.

– Беа потребни девет месеци да се достигне бројката од милион починати, четири месеци да се достигнат два милиона и три месеци да се достигнат три милиони, рече Тедрос.

Активистката за климатски промени, Грета Тунберг, приклучувајќи се на брифингот како виртуелен гостин од Шведска, се спротивстави на „вакциналниот национализам“ и рече дека е неморално богатите земји да им даваат приоритет за вакцинирање на своите помлади граѓани, пред ранливите групи во земјите во развој.

МИА/Фото: Photo by JESHOOTS.COM on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Момче со аутизам било врзувано на Психијатриската клиника во Демир Хисар, надлежните го испитуваат случајот

Редакција

Мицкоски има 17 советници, кои земаат плата од 60 до 90 илјади денари

Редакција

СЗО: Барањето за евакуација на пациенти во Газа е „смртна казна“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница