еМагазин
Image default
Балкан

Албанија ќе дава државјанства и на Албанци кои живеат во соседните земји и дијаспората

Албанската Влада на последната седница, го усвои Предлог-законот „За државјанство“, кој содржи неколку суштински измени, како што е членот 6 каде се предвидува: „стекнувањето на државјанство врз основа на потекло“.

Со ова им се овозможува на Албанците кои живеат надвор од територијата на албанската држава, како во соседните земји и во дијаспората, да добијат албанско државјанство.

„Странец ќе може да добие албанското државјанство ако неговите предци имале албанско потекло и под услов да докаже семејната врска во директна линија до трето колено на барателот со предците. Потребната документација со која се докажува албанското потекло на барателот се утврдува со упатство на министерот“, се наведува во член 6 од Предлог-законот.

Другата важна новина е содржана во член 4, а тоа е давањето албанско државјанство на секој кој ќе се роди на територијата на Република Албанија.

Тоа значи дека Албанија ќе го применува нечелото „Jus soli“ што му дава државјанство на секоје лице родено на нејзина територија и покрај тоа што ни еден од неговите родители нема албанско државјанство. Ова начело се почитува во САД, додека во одредени европски земји има некои дополнителни критериуми што мора да бидат исполнети.

Предлог-законот за државјанство се очекува да се најде на дневен ред на седница на Парламентот во септември по летните одмори.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Европејка во Белград“: Познатата хрватска писателка Ведрана Рудан се вакцинираше против Ковид-19 во Србија и напиша одлична колумна

Редакција

Никој не успеа да формира влада: Нови парламентарни избори во Бугарија на 11 јули

Редакција

Партијата на Борисов предложи денот на Св. Кирил и Методиј – 24 мај, да биде национален празник на Бугарија наместо 3 март

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница