еМагазин
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Албанија ги исполнува условите, Македонија да го реши спорот со Бугарија, порача еврокомесарот за проширување Вархеји

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, изутринава на Тиранскиот Форум изрази силна поддршка за отворањето на преговори со Албанија, со поумерен тон се осврна на Северна Македонија, инсистирајќи на решавањето на спорот со Бугарија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Вархеји ја пофали и новата методологија за преговори благодарение на која се надмина ветото на Франција за почетокот на преговорите со Албанија и Северна Македонија.

-Оваа нова методологија веќе се одразува во нацрт преговарачките рамки за Албанија и Северна Македонија. Земјите членки сѐ уште не постигнале договор за нив и разговорите продолжуваат во Советот.

Ги поддржуваме овие напори и се надевам дека првите меѓувладини конференции ќе можат да се свикаат што е можно поскоро под португалско претседателство, изјави Вархеји.

Веднаш потоа еврокомесарот порача дека сите услови се исполнети за одржување на првата меѓувладина конференција со Албанија и дека земјата остварила голем напредок во делот на правдата, владеењето на правото и изборното законодавство.

За Северна Македонија, Оливер Вархеји изјави: „Северна Македонија задржа стабилен чекор во имплементацијата на ЕУ реформите, посебно во делот на фундаменталните услови.

Важно е да се изнајде заеднички прифатливо решение за билатералните прашања помеѓу Северна Македонија и Бугарија брзо“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на активни случаи на Ковид-19 по скопските општини: На врвот Чаир, Гази Баба, Аеродром

Редакција

Ѓерѓ Дедај именуван за нов амбасадор на Косово во Македонија

Редакција

„Ако останеме без историја, ќе останеме и без географија“: Твитер реакции за спојувањето на предметот историја со општествени науки

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница