еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Албанија по грешка објави кои се нејзините главни шпиони во Македонија

Албанија по грешка на интернет објави чувствителни информации за своите најистакнатите разузнавачи, пишува битанскиот „Independent”.

Откриени биле имиња на најмалку осум истакнати албански оперативци ангажирани во Македонија, Белгија, Грција, Италија, како и во Косово и Србија.

Весникот тврди дека биле објавени нивните имиња, возилата кои ги користат, нивната оперативна улога, каде патуваат, како и нивните секојдневни навики.

Податоците за нивните плати и трошоци се објавени на страната на албанското Министерство за финансии и откриваат детали во врска со приходите на разузнавачките служби, вклучувајќи ја и локацијата на службениците.

Извештајот покажува имиња и броеви од документи за идентификација на агенти, кои работат во Албанија и надвор од земјата, вклучувајќи и две лица кои имаат „чувствителни работни места” во седиштето на НАТО во Брисел.

Од весникот не ги објавуваат имињата заради заштита на овие лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Левица: „Овој договор, во ниеден случај не значи коалицирање, и е со единствена цел – да се урне хибридниот режим на ДУИ и СДСМ“

Редакција

Обвинителството ќе ја обжали одлуката на судијата од Кривичен, кој не им одреди притвор на лицата кои упаднаа во Контрола на летање

Редакција

Заканата од трета светска војна навистина постои и е сериозна, предупредува Лавров

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница