еМагазин
Image default
Балкан

Албански државјанин убиен во Грција по расправија за етнички прашања и Македонија

Петрит Зифле, 63-годишен албански државјанин, имигрант на островот Крф во Грција, е убиен од 44-годишен националист од Златна Зора по расправија за етнички прашања и за името на Македонија во кафеана, пренесуваат албанските медиуми.

Според нив Зифле се вмешал во гласното дебатирање на соседната маса, на која при аргументирањето за Македонија биле клеветени и расно навредувани сите што не се Грци.

Тој возвратил, при што дошло до кошкање, за на крајот да бидат разделени, а жртвата си заминала од локалот испратена со пцости и закани од неговиот убиец.

Подоцна членот на Златна зора му направил заседа на Зифле, го убил со ловџиска пушка и телото го фрлил во ендек покрај локалниот пат меѓу Драготина и Спартера, три километри од Лефкими, каде што се случило убиството. Таму и е најден трупот следното утро од локален жител што поминувал со автомобил.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(+18/Фото) Секс скандал: Фотографии како познат босански политичар мастурбира завршија на Интернет

Редакција

(Видео) Масовни протести во Истанбул откако беше уапсен градоначалникот Имамоглу

Редакција

Бугарија и се заканува на Србија со ЕУ, оти Дачиќ вели дека ако нема Срби во Бугарија, нема ни Бугари во Србија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница