еМагазин
Балкан

Албанскиот премиер Рама нема да зазема страна во спорот меѓу Бугарија и Македонија

Премиерите на Бугарија и Албанија разговараа за билатералните односи и актуелните прашања од европската агенда на Албанија и патот на Албанија кон ЕУ, како и можностите за понатамошна соработка од заеднички интерес во голем број сектори како што се економијата, земјоделството, рударството, енергијата и високата технологија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, односите меѓу Бугарија и Албанија се развиваат на добар начин, смета бугарскиот премиер Стефан Јанев.

– Немаме отворени прашања, изјави премиерот на Бугарија, Стефан Јанев на вчерашната прес-конференција по средбата со албанскиот премиер Еди Рама.

Според Јанев, билатералните прашања не треба да се решаваат на меѓународно ниво.

– Рамковниот став за Република Северна Македонија е оној што Софија го брани. Проблемите со Македонија може да се решат само на билатерална основа без мешање, изјави бугарскиот премиер Стефан Јанев.

Според албанскиот премиер соработката меѓу Албанија и Бугарија, нема никакви проблеми.

– Ние ќе ги почитуваме сите пријателски земји, Бугарија и Република Северна Македонија треба да ги решат проблемите. Другите не можат да го заменат она што двете земји треба да го направат. Бугарија како членка на ЕУ е зрела и има сè и се сеќава кога беше во поинаква позиција, изјави албанскиот премиерот Еди Рама во Софија.

Рама, посочи дека Албанија не зазема страна во спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија.

– Се надеваме и ги поддржуваме двете земји – Република Северна Македонија и Бугарија да разговараат и да го решат меѓусебниот проблем. Се разбира, ЕУ прави големи напори, но тоа зависи од Бугарите и Македонците. Не можам да заземам страна, за да не се усложнат уште повеќе работи, изјави Рама.

МИА/Фото: Фејсбук/Рама

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бесплатно сместување, храна и солидни плати: Хрватска атрактивна за сезонска работа за Македонците

Редакција

(Видео) Еди Рама не можеше да ги задржи солзите: Земјотресот во Албанија зеде 50. жртви

Редакција

Во Грција откриени 47 фиктивни вакцинации

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница