еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Албанскиот претседател има највисока плата меѓу колегите во регионот, на кое место е Пендаровски

Албанскиот претседател Бајрам Бегај е најплатениот претседател во регионот, по изгласувањето во Парламентот на Законот за зголемување на платите на функционерите. Со зголемувањето на месечната плата од 2.320 евра на 3.860 евра, односно 65,3 отсто, тој ги надминува претседателите на Хрватска и Словенија во регионот, чии плати изнесуваат до 3.500 евра месечно, објави euronew.al.

Во написот се додава дека претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, добива плата од 3.322 евра месечно, додека хрватскиот претседател Зоран Милановиќ за истата функција е платен 3.000 евра.

Веднаш зад нив се тројцата членови на Претседателството на Босна и Херцеговина: Денис Беќировиќ, Желка Цвијановиќ и Желко Комшиќ, секој со по 2.920 евра месечно за нивната лидерска позиција, македонскиот претседател Стево Пендаровски со месечна плата од 2.700 евра, па неговиот црногорски колега Јаков Милатовиќ, кој има плата 2.420 евра.

Од друга страна, платата на претседателката на Косово, Вјоса Османи, по последното покачување изнесува 2.160 евра, додека српскиот претседател Александар Вучиќ, кому во јануари му беше зголемена платата, сега добива 1.700 евра месечно, што е најниска плата на шеф на држава во регионот, заклучува Евроњуз Албанија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Динерс Клуб Македонија – првата финансиска институција со одобрение за извршување платежни трансакции со платежни картички при Народната банка

Редакција

Спасовски: Владата очекува солидарност од банките, доколку ја нема тоа ќе се дефинира со уредба

Редакција

ТАВ Македонија: Поради маглата на скопскиот аеродром откажани 9 лета, 4 пренасочени

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница