еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Александар Даштевски е предлог на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Државната изборна комисија

Александар Даштевски ќе биде новиот предлог на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Државната изборна комисија (ДИК). Ова денеска на прес-конференција го потврди портпаролот на партијата, Наум Стоилковски.

– Да, можам да потврдам дека со одлука на последниот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, професорот Александар Даштевски ја доби поддршката за предлог за нов претседател на ДИК, изјави Стоилковски.

Мандатот на актуелниот состав на ДИК истекува на 15 јануари, а во Собранието започна постапката за избор на нови членови на највисокото изборно тело во државата.

Изборот на членови на ДИК се врши согласно Изборниот законик. Претседателот го предлага опозициската партија која добила најмногу гласови на последните парламентари избори, која има уште еден член во Комисијата.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Силјановска му кажала на евроамбасадорот Гир дека нашата иднина е во ЕУ

Редакција

Русија вели дека “топката“ е кај Украина, Зеленски не знае дека постои документ за мировни преговори што Кремљ им го пратил

Редакција

Кој е Зоран Димитровски, старо-новиот заменик министер за локална самоуправа

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница