еМагазин
Image default
Бизнис

„Алкалоид“ ги освојува пазарите во Полска, Унгарија, САД, Чешка…

Од вкупните консолидирани продажби на „Алкалоид“ АД Скопје во минатата година 63% се остварени на странски пазари, соопшти компанијата.

Гледано по региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 35%, во Русија и другите земји од ЗНД се остварени 6%, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 21% и на останатите пазари се остварени 1% од вкупните консолидирани продажби.

Најзабележителен раст е остварен во Унгарија со продажби од 128.111.848 денари што е 4 пати повеќе од лани, потоа во Полска со продажби од 72.260.692 денари што претставува зголемување од 4 пати и Украина со продажби од 192.130.438 денари што претставува раст од 86% споредено со истиот период од минатата година.

Кај извозните пазари пораст бележат и следните земји: Чешка раст од 62%, Грузија, раст од 51%, САД раст од 22%, Србија раст од 21%, Косово раст од 20%, Бугарија раст од 10%, Романија раст од 5%, итн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одлични резултати на „Алкалоид“: Добивка од 14 милиони евра и 212 нови вработувања

Фото: Алкалоид

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Макпетрол ќе дели дивиденда од 3.000 денари бруто по акција

Редакција

Пад на прометот и бројот на трансакции на Македонската берза во декември лани

Редакција

Какви се очекувањата на НЛБ Банка за престојниот период?

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница