„Алкалоид“ АД Скопје преку Македонската берза соопшти дека остварената единечна нето добивка во 2019 година изнесува 1.007.811.000 денари и во споредба со остварената во 2018 година бележи зголемување за 19%.
Консолидираната нето добивка во 2019 година изнесува 1.015.260.00 денари и во споредба со остварената во 2018 година бележи зголемување за 18%.
Во „Алкалоид“ лани се реализирани 218 нови вработувања, а вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари-декември 2019 година изнесуваат 1.091.632.000 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Голем пораст на извозот на „Алкалоид“ во САД, Русија, Британија…