еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Американците очекуваат војната во Украина да трае уште многу месеци

Војната што Русија ја води во Украина ќе трае уште „многу месеци“, оцени американскиот државен секретар, Ентони Блинкен.

– Тоа би можело да заврши утре доколку Русија ја прекине својата агресија, но ние не гледаме никаков знак во таа насока во оваа фаза…се уште гледаме конфликт што ќе трае многу месеци, рече Блинкен на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Вашингтон.

– Додека (војната) трае, сакаме да обезбедиме Украина да го има она што и треба да се брани и сакаме да се погрижиме Русија да почувствува силен притисок од максималниот број земји, додаде Бликен.

Шефот на американската дипломатија рече дека Украина им „дала гаранции“ на САД за да гарантира дека новите ракетни системи што и ги вети Вашингтон нема да се користат за цел на Русија.

– Русија ја напаѓа Украина, а не обратно. Да бидеме јасни: најдобар начин да се избегне ескалација е Русија да стави крај на агресијата и војната што ја започна, изјави Блинкен пред новинарите како одговор на критиките на Москва за новата американска испорака на оружје до Украина.

МИА/Фото: Руско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во сообраќајна несреќа во Италија загинаа ќерката и внукот на македонскиот конзул

Редакција

(Фото) Скопје се разбуди со ритамот на тркачите: 18. издание на Виз Ер Скопски маратон со нови рекорди и уникатни транспаренти

Редакција

Детали за спасувачката акција во селото Строиманци, од каде што со хеликоптер беа евакуирани седум лица поради пожарите

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница