еМагазин
Image default
Свет

Американската авиокомпанија „Јунајтед Ерлајнс“ отпушти 232 вработени кои не сакале да се вакцинираат

Американската авиокомпанија „Јунајтед Ерлајнс“ вчера соопшти дека ги откажува договорите со 232 вработени, кои одлучиле да не се вакцинираат против Ковид-19.

„Јунајтед Ерлајнс“ е првата авиокомпанија што воведе обврска за вакцинација за вработените.

Првиот човек на компанијата, Стив Кирби, јави дека 232 од 67.000 вработени одбиле да се вакцинираат.

„Јунајтед Ерлајнс“ во моментов е единствениот голем американски авиопревозник што прибегна кон процесот на отпуштање на вработените кои одбиле да ја примат вакцината против Ковид-19.

„Делта Ерлајнс“ воведе месечна обврска од 200 американски долари за невакцинираните вработени, додека „Американ Ерлајнс“ и „Саутвест Ерлајнс“ преземаат различни мерки за  мотивирање на вработените да се вакцинираат.

До вчера во „Делта Ерлајнс“ беа вакцинирани 90 проценти од вработените.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Папата Франциск: Во Украина нема специјална воена операција, туку војна

Редакција

(Видео) Се зголемува бројот на заболени од корона вирусот на крузерот во Јапонија каде што има и наши државјани

Редакција

Корона вирусот опасен и за животните: Куче-домашно милениче заразено во Хонг Конг

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница