еМагазин
Image default
Бизнис

Американската филијала на „Грин Машинс“ од Велес – на саемска конференција во Шарлот, САД

Минатата недела американската филијала на „Грин Машинс“ од Велес, активно учествуваше на конференцијата организирана од најголемата северно-американска асоцијација од областа на „свипинг“ индустријата, NAPSA (North American Power Sweeping Association), фокусирана на најсовремените производствени решенија на возила наменети за одржување на хигиена на надворешни површини, информираат од таму.

„Грин Машинс“ беше застапена преку спонзорирање на настан во рамките на грандиозниот саем „National Pavement Expo“ кој што се одржа од 23-ти до 25-ти февруари.

„Во конгресниот центар Шарлот во САД, реализиравме средби со потенцијални купувачи, што за нас би значело успешно позиционирање на американскиот пазар. Застапеноста на логото на „Грин Машинс“ на штандот на NAPSA, чија членка сме и ние, за нас е од посебно значење,“ велат од „Грин Машинс“ во САД.

Членовите на NAPSA, во име на сопствениот професионален раст, споделуваат знаења и искуства со стотици професионалци, придржувајќи се до сите етички кодекси се со цел подобрување на животната средина.

На интерактивната конференција, повеќе од 300 посетители имаа прашања за компаниите – производители, со што „Грин Машинс“ одговарајќи на истите докажа дека е во чекор со брзоеволуирачките технолошки трендови.

Токму во Шарлот, место за кое се вели дека треба да бидете видени , културен и економски центар на најбрзорастечката област во земјата. Шарлот е најнаселениот град во американската сојузна држава Северна Каролина и вториот по големина банкарски центар во Соединетите Американски Држави.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Жикол“ го доби тендерот на Министерството за транспорт за доградба на фекален систем во Ново Село вреден 710.000 евра

Редакција

Има волја од Бугарија да ни помогне со енергија преку механизмите на ЕК, изјави Пендаровски

Редакција

По новинари и полицајци и бизнисмени од Македонија ќе се вакцинираат во Србија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница