еМагазин
Македонија

Американскиот Стејт департмент се надева на успех на референдумот за името

Во пресрет на денешната посета на Вес Мичел, помошник-државен секретар за Европа и Евроазија на Македонија, американскиот Стејт департментот изрази надеж за успех на референдумот и повторно укажа на историската важност на Договорот од Преспа.

Во изјава за МИА портпарол на Стејт департментот посочи дека имплементацијата на Договорот со Грција ќе овозможи Македонија да стане членка на НАТО како Северна Македонија.

– Тоа ќе го олесни отварањето на преговорите за членство во ЕУ, од што корист ќе имаат двете земји а тоа е зацврсување на регионалната безбедност и поттикнување на развојот, се вели во соопштението до МИА.

Понатаму, од Стејт департментот уште еднаш повторија дека го поздравуваат историскиот Договор од Преспа и високо ја оценуваат покажаната визија, храброст и истрајност на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Во Скопје денеска доаѓа помешникот државен секретар за Европа и Евроазија, додека за викендот закажана е посета и на државниот секретар за одбрана Џејмс Матис. Двајцата високи американски гости доаѓаат за да изразат јасна поддршка за претстојниот референдум и за стапувањето на Македонија во НАТО.

Од Скопје, Мичел заминува во посета на Атина, а пред да допатува во Македонија беше во посета на Тбилиси, Грузија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа седум лица од Ковид-19, вкупната бројка достигна 2.848

Редакција

Милошоски тврди дека Ковачевски за 7 дена во Њујорк потрошил 20 илјади долари, а се сретнал само со министер на Азербејџан

Редакција

Заев: Амандманите ќе важат само ако Грција ги исполни своите обврски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница