еМагазин
Image default
Македонија

Ана Андреева на местото на Марјан Забрчанец во Владата

Ана Андреева од денеска ќе биде одговорна за комуникациите и односите со јавност во Владата, на позицијата секретар за комуникации и јавни политики во рамки на канцеларијата на претседателот на Владата, соопштија од владината прес-служба.Андреева ја презема оваа функција од досегашниот национален координатор за стратегиски комуникации во Владата, Марјан Забрчанец, кој ги водеше владините комуникации во периодот од август 2017 до денес. Андреева има долгогодишно професионално искуство на извршни менаџерски позиции во сферата на комуникациите во маркетинг агенциите и во граѓанскиот сектор, велат од Владата.

Забрчанец во наредниот период ќе биде ангажиран во Владата за менаџирање процеси и проекти посветени на унапредување на регионалната соработка на Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повторно активен официјалниот Твитер профил на министерот Османи

Редакција

357 нови случаи на Ковид-19 од 1.387 тестирања, во Скопје 132

Редакција

Детален преглед по скопски општини: Чаир рекордер по заболени од корона вирусот, растат бројките во Аеродром и Карпош

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница