еМагазин
Image default
Македонија

Јанакиески во Обвинителство си е како дома: На распит за „27 април“

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, денеска е на распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција во врска со истрагата за случајот „27 април“.

Јанакиески кој се наоѓа во куќен притвор, се товари дека е еден од организаторите на нападите во Собранието од 27 април 2017 година, заедно со Никола Груевски, Спиро Ристовски и Никола Бошковски. Тие се осомничени дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

На распит во Обвинителството на 16 април беше повикан и поранешниот собраниски спикер, Трајко Вељаноски.

За насилствата во Собранието на 27 април 2017 година, на 15 март годинава на вкупна затворска казна од 211 години беа осудени 16 лица. Највисока казна од 18 години доби поранешниот министер за внатрешни работи и директор на БЈБ, Митко Чавков.

Дел од осудените побараа да бидат помилувани од претседателот Ѓорге Иванов. Од кабинетот на шефот на државата засега нема одговор како ќе биде постапено.

МИА/Фото: Фејсбук-профил на Јанакиески

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца вработени во градинка во Крива Паланка позитивни на Ковид-19, установата ќе паузира две недели

Редакција

Обвинение за случајот „Меѓународен сојуз„: Боки 13 обвинет за измама, Ременски дека му помагала во измама

Редакција

Бугарски невладин институт побара меѓународна ревизија да ги процени состојбите на автопатот „Струма“ на кој во автобуска несреќа загинаа 45 македонски државјани

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница