еМагазин
Image default
Македонија

Јанева по претресот во СЈО, донесена повторно дома

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која со полициска придружба попладнево го напушти Специјалното јавно обвинителство (СЈО), повторно е вратена во нејзиниот дом во скопската населба Козле.

Обвинителката Вилма Рускоска потврди дека полицијата влегла во СЈО со налог да се одземе компјутерот на Јанева. Засега нема информации зошто Јанева е вратена дома.

Се очекува во текот на денов таа да биде изведена пред судија на претходна постапка кој треба да одлучи по барањето на Јавното обвинителство за одредување мерка притвор.

ЈО бара притвор за Јанева поради основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања, заради стекнување лична корист.

Полицијата денеска по налог ЈО ја приведе Катица Јанева во нејзиниот дом, по што со полициска придружба беше донесена во СЈО.

Катица Јанева, која беше спомната во снимките што ги објави италијанскиот весник „Ла Верита“, вчера беше на распит во Јавното обвинителство за организиран криминал за случајот „Рекет“.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Освен Јанева, нема други приведени

Видео од приведувањето на Катица Јанева

Јанева се стекнала со имотна корист од 298.000 денари

Сите детали: За што е осомничена Катица Јанева и со какви докази докази располага Обвинителството

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВО ЖИВО) Оливер Спасовски за бегството на Сашо Мијалков: Со оставки, без истрага ќе триумфираат криминалците

Редакција

Минатата недела 106 смртни случаи од Ковид-19 во 23 градови

Редакција

Најверојатно ќе биде потребна трета доза вакцина, вели Филипче

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница