еМагазин
Image default
Македонија

Јанева: СЈО е орган што гони, а за разрешница на предметите одговорност треба да се бара во судовите

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) како и редовното јавно обвинителство е орган што гони, а за разрешница на предметите одговорност треба да се бара во судовите, рече Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева одговарајќи на новинарско прашање зошто има малку разрешени предмети на СЈО.

Предметите на СЈО што се во судовите, како што рече, се предадени на 1 јули 2017 година.

-Оттогаш поминаа речиси две години, а имаме и обвинителни предлози од 15 септември 2016 година за кои нема првостепени одлуки. Вината за тие работи треба да ја барате во судовите, посочи Јанева.

На прашање зошто се одолговлекуваат судските постапки за предметите на СЈО, Јанева рече дека причина не е законот, туку се објективни на судот, затоа што некои лица се разболеле или од други икс причини што се наведени во судските постапки.

-Тоа е нормална работа. Но како што реков и претходно мора да се интензивираат судењата и да се проверат тие наводи, дека лицата кои одбегнуваат да дојдат на судења навистина се болни или се спречени да дојдат, нагласи Јанева.

МИА/Фото: СЈО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе се олесни полагањето државна матура

Редакција

Спасовски: Во Струга се случи сериозна неодговорност кон здравјето на граѓаните и кон државата

Редакција

За 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализирани 6 нови пациенти

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница