еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Ангажирани два полициски хеликоптери поради разгорување на пожарот кај Ајватовци

Поради разгорување на пожарот кај Ајватовци на два крака, два полициски хеликоптери се вклучени во гасење на пожарот кај Ајватовци, информира директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

Тој исто така вели дека на лице место гасат пожарникарите од скопската Противпожарна бригада, но и доброволци од доброволното противпожарно друштво од Свети Николе, со поддршка на локалното население.

Ангелов претходно информираше дека пожарот е активен само на еден крак и останатите делови се изгаснати, но по разгорување на првиот крак ангажиран е полициски хеликоптер, а сега веќе и втор полициски хеликоптер по разгорувањето на пожарот на два крака.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Пожар кај Ајватовци кај репетиторите

МИА/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Одржливата мода се среќава со свесниот иновативен дизајн – прв ден од Моден викенд Скопје

Редакција

ОКТА продолжува со традиционалната новогодишна донација за поддршка на соседните училишта

Редакција

Кои граѓани ќе се спасат од високите давачки за извршителите

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница