еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

„Ангел си ти“, музичко-сценски настан во Крушево за 42. роденден на Тоше

Со крводарителска акција, со почит на неговото вечно почивалиште, промоција на уметнички дела и со музичко-сценскиот настан насловен „Ангел си ти“ утре во Спомен-домот „Тодор Проески“ на Гумење во Крушево ќе бидат одбележани 42 години од раѓањето на големата македонска и балканска музичка ѕвезда, на хуманитарецот и човекот со ангелско срце, Тоше Проески.

Хуманитарната крводарителска акција, во организација на Црвениот крст од Крушево, во Спомен-куќата ќе трае од 9 до 16 часот. Во 10.30 е посетата на вечното почивалите на Тоше на Гумење, а од 11 часот е изложбата на дела на уметницата Марија Бојкоска од ликовната школа „Тоциновски“ од Скопје.

Во Спомен-домот „Тодор Проески“ ќе бидат промовирани делата од 26. Керамичка колонија од Велес. За 42-риот роденден на Тоше ќе бидат промоврани и 42 маички печатени со победнички мотив.

Напладне е сценско-музичкиот настан насловен „Ангел си ти“. Музички рефрени од Тоше ќе изведат Андријана Јанеска и Бојан Стојков во придружба на „Џез сценарио“ од Битола, во аранжман на професорот по пијано и диригирање Вангел Мажески.

Крај вечното почивалиште на Тоше Проески ќе бидат и неговите обожуватели и приврзаници кои секогаш доаѓаат од земјава и Балканот.

Тоше Проески го загуби животот на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска. Имаше само 26 години.

Спомен-куќата „Тодор Проески“ ги чува спомените за големата музичка ѕвезда и е најпосетуваниот музеј на овие простори.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Активирајте Gley преку Мојот А1 и гледајте ги најпопуларните серии и филмови

Редакција

БРАВО! Урбан Бургер Бар за 3 дена подели 2.000 бесплатни оброци

Редакција

Парични награди за вработените во САСА и донација од 120.000 долари за нов градски парк

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница