еМагазин
Image default
Бизнис

Ангеловска: За најмалку 70 отсто се намалуваат ратите за кредитите од финансиските друштва и лизинг компаниите

Ратите на кредитите од финансиските друштва и лизинг компаниите се намалуваат за најмалку 70 отсто во следните три месеци за граѓаните, во насока на помош за надминување на ударите од Covid-19, напиша министерката за финансии Нина Ангеловска на својот Фејсбук профил.

Додава дека  за овие средства нема да смеат да се пресметуваат и наплатуваат трошоци провизии и казнени камати, обврските рамномерно ќе се распоредат на останатите рати во текот на исплатата или може да се продолжи отплатата за најмалку 90 дена.

Според објавата на министерката известувањето за новите услови граѓаните ќе го добијат преку веб-страната на финансиското или лизинг друштво, смс, е-маил или друга електронска комуникација.

Ако во рок од 10 дена не ја одбијат понудата, истата ќе се смета за прифатена. За правните лица ќе се одлучува индивидуално, по барање на самиот клиент, доставено, исто така електронски.

„Со намалување на законската затезна камата, ставката на вкупните трошоци што се наплаќаат кои изнесуваа 51 отсто од вкупната сума на кредитот, сега се намалуваат на 31 отсто. Останатите трошоци кои досега не беа ограничени, сега се ограничуваат на 30% од одобрениот кредит“, наведува министерката.

Нови договори за кредити пак, може да се одобруваат со три месеци грејс период по барање на корисникот и во тој период ќе се пресметува само договорна камата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата се „пишмани“: Собранија на акционери сепак ќе се одржуваат, нема дивиденда за странците

Ангеловска: Каматите на кредитите не се простуваат никаде

Народна банка: Банките да не делат дивиденда, добивката за зголемување на капиталот

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Mакедонската еврообврзница издадена на 700 милиони евра со камата од 3,675 отсто

Редакција

Град Скопје склучи договор со Пошта вреден 569 илјади евра

Редакција

Тетовски Жито Полог во првите девет месеци од годината со добивка

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница