еМагазин
Image default
Локално

„Анима мунди“: Истрага и казни за насилството врз животните во Зелениково и Велес

Во Зелениково возрасен човек со ножици сече уши на куче во двор, а во Велес малолетник неколку пати удира мало кутре кое едвај тежи пет килограми. По овие две видеа што се појавија на социјалните мрежи, Здружението за заштита на животни „Анима мунди“ бара итна истрага и казни за сторителите.

„Со згрозеност ве известуваме за два случаи на насилство врз животните кои беа извршени во ист ден и за кои бараме итна истрага и казна за извршителите. Нагласуваме дека случајот во Велес не е изолиран, бидејќи во пораки ни стигнуваат се повеќе и повеќе видеа од истиот малолетник како малтретира животни“, наведува „Анима мунди“.

За двата случаи се известени и полицијата и Агенцијата за храна и ветеринарство, а за случајот во Велес дополнително ќе бидат известени и социјалните служби.

Според Здружението, ова е црвен аларм дека институциите, вклучувајќи ја и полицијата, мора да се посветат на спречување и казнување на насилството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Безживотно тело на средовечен маж попладнево е пронајдено во водите на Охридското Езеро

Редакција

ЗОО Скопје со кампања „Кажи СТОП за петарди и огномет“

Редакција

Со „бмв“ удрил во момче и малолетник во Охрид

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница