еМагазин
Image default
Македонија

Анкета на МЦМС и „Социетас цивилис“: СДСМ во благо водство пред опозициската ВМРО-ДПМНЕ

На прашањето „Доколку утре се одржат парламентарни избори за која политичка партија би гласале“, 22,1 отсто од анкетираните се изјасниле за владејачката СДСМ, со што партијата има благо водство пред опозициската ВМРО-ДПМНЕ за која рекле дека ќе гласаат 20,4 проценти од испитаниците, покажува најновата анкета на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) во пресрет на вонредните парламентарни избори што треба да се одржат во април 2020 година.

На третото место е ДУИ со рејтинг од 6,6 отсто, пред Алијансата за Албанците со 2,6 проценти, Левица со 1,7 отсто, БЕСА со 1,5 проценти, ДПА со 0,9 отсто и Алтернатива со 0,8 проценти. Два отсто од анкетираните во истражувањето изјавиле дека ќе гласаат за некоја друга партија.

Вкупно 13,8 проценти од испитаниците одговориле дека не знаат за кого ќе гласаат, 12,6 отсто рекле дека нема да излезат на гласање, 2,8 проценти дека ќе го поништат гласачкото ливче, а 12,2 отсто одбиле да одговорат на прашањето.

Гледано низ призмата на етничката припадност, ВМРО-ДПМНЕ е партија со најголема поддршка меѓу Македонците (27,9 проценти), пред СДСМ за која се изјасниле 24,3 отсто од испитаниците од оваа етничка група.

ДУИ, пак, е најпопуларна партија меѓу Албанците (30,3 проценти), пред СДСМ (13,6 отсто), Алијансата за Албанците (11,8 проценти) и БЕСА (7,1 отсто).

Податоците за истражувањето биле прибирани со теренска анкета во периодот од 15 ноември до 1 декември 2019 година на национален репрезентативен примерок од 1.000 испитаници, а ја спровела агенцијата „М-проспект“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Анкета на МЦМС и „Социетас цивилис“: Заев со поголема доверба кај граѓаните од Мицкоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починаа 17 лица, најмладиот има 45 години

Редакција

Манчевски, Ременски и Богоевски ќе сведочат за за насилството во Собрание

Редакција

Шест лица од новопочинатите од Ковид-19 биле на возраст од 50-59, а две од 40-49 години

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница