еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Анкета: Неопределените и тие што нема да гласаат пред ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Во истражувањето подготвено во рамки на „Програмата за парламентарна поддршка“, што ја спроведуваат Националниот демократски институт (НДИ), Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС), Центар за управување со промени (ЦУП), на прашањето „Доколку изборите се одржат следната недела за која партија би гласате?“, повеќе од половина од испитаниците одговориле дека не би гласале или дека не знаат за кого би гласале.

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 17% од испитаниците, за СДСМ 12%, ДУИ има поддршка од 8% од анектираните граѓани, 4% изјавиле дека би гласале за Левица, 3% за Алијанса за Албанците, додека 1% поддршка добило Движењето Беса.

Теренската анкета е спроведена во периодот 22 февруари – 9 март 2023 година со примерок од 1.002 испитаници над 18-годишна возраст на целата територија на државата, преку методот лице в лице.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Анкета: Граѓаните со ниска доверба во институциите и политичките партии, најмногу им веруваат на верските заедници и на војската

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За 3 години потрошени 5 милиони евра: Антикорупциска најде слабости во набавките на возилата од јавните институции

Редакција

Границатата со Грција останува затворена најмалку до 8 март

Редакција

ЗНМ и СЕММ бараат крајна внимателност при известувања за лични трагедии или самоубиства

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница