еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Антикорупциска отвори постапка за именувања во Армијата од страна на Иванов

Државната комисија за спречување на корупција отвори постапка за именувањата во Армијата од страна на претседателот Ѓорге Иванов.

Станува збор за именувања од шефот на државата објавени во Службен весник по распишувањето на претседателските избори.

Антикорупциската комисија, како што беше истакнато на денешната седница, ќе бара информации од Кабинетот на претседателот и од Министерството за одбрана за извршените именувања.

Претседателот Иванов неодамна со укази ги назначи поранешниот аѓутант Мирче Ѓорговски за воен претставник во седиштето на НАТО, полковник Маријо Јуришиќ за воено аташе во Франција, началникот на ГШ Васко Ѓурчиновски го унапреди во генерал-потполковник, Драган Ковачки стана командант на Првата механизирана пешадиска бригада, а Бесник Емини началник на штаб во Здружената оперативна команда.

МИА/Фото: Кабинет на претседател

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судење „27 април“: Обвинетите Јане Ченто и Игор Југ нема да бараат амнестија

Редакција

Нема простор за никаква паника, има доволно нафта и нафтени деривати, вели Бектеши

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 низ болниците во Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница