еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Антикорупциска: Вицепремиерот Груби често пати ги користел службените простории за партиски цели

Поради докази дека вицепремиерот Артан Груби ги користел службените простории на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците за партиски цели, Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) најви дека ќе упати укажување до заменик на претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, Славица Грковска.

Како што информираше на денешната 86-та седница претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, до нив се доставени докази и информации, дека вицепремиерот Артан Груби, службените простории на министерството често пати ги употребува за одржување на состаноци за партиски цели.

– Фотографи и линкови од Фејсбук профилот на политичката партија ДУИ, од кои е видно дека во министерството се одржани средби на нивниот партиски лидер со претставници од странство, рече Ивановска.

Имајќи предвид дека ваквото однесување не е во согласно со кодексот на етичко однесување на Владата и носителите на јавни функции, првата антикорупционерка нагласи дека ДКСК ќе упати укажување до Грковска.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почнува продажбата на Охридска банка

Редакција

МНТ хуманитарно ќе го обележи роденденот, парите од преставите одат за Леонид

Редакција

До сабота топло, викендот можни попладневни врнежи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница