еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Апасиев го тужи Tалат Џафери за политичка дискриминација

Претседателот на Левица и пратеник во Собранието, Димитар Апасиев до Основниот граѓански суд – Скопје, преку неговиот адвокатски тим од правниот сектор на партијата, поднесе приватна тужба против собранискиот спикер Талат Џафери, заради извршена политичка дискриминација во врска со неспроведувањето на Иницијативата за референдум за т.н. Француски предлог за наводни преговори со ЕУ, информираат од Левица.

-Тужбата, со која меѓу другото се бара и надомест на претрпена нематеријална штета во износ од 100.000 денари, следува откако Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврди директна дискриминација во случајот на Апасиев, кому како овластен предлагач на граѓанска иницијатива за распишување референдум на државно ниво, му беше ускратено уставното право на политичко дејствување и злонамерно беше ставен во понеповолна положба во однос на други предлагачи, соопшти Левица.

За разлика од сите досегашни процесуирани граѓански иницијативи, по кои постапувало македонското Собрание од осамостојувањето до денес (околу 20-на на број), се вели во соопштението, иницијативата на Апасиев, како првопотпишан предлагач, не беше соодветно проследена до надлежните собраниски комисии и до парламентарниот пленум, онака како што тоа изрично го налага Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните и Деловникот на Собранието.

-Претходно, Апасиев иницираше и постапка за интердиктна заштита на слободите и правата пред Уставниот суд, која е во тек, а за конкретниов случај во скора иднина ќе биде иницирана и соодветна кривична постапка за сторено кривично дело „Повреда на рамноправноста на граѓаните“, казниво по чл. 137 од КЗ, велат од партијата и додаваат дека јавноста ќе биде благовремено информирана за првото закажано судско рочиште во оваа нова парница, иницирана, како што велат, против самоволието на собранискиот спикер.

Фото: Левица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Расте бројот на заразен медицински персонал во струмичката болница

Редакција

Фашистот Ванчо Михајлов, Петков ако сака нека си го слави и воздигнува во Бугарија, вели градоначалникот на Куманово

Редакција

Уште тројца починати на инфективното одделение во болницата во Велес

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница