еМагазин
Image default
Македонија

Апасиев: Со право се отфрлени 1.500 приговори на Левица, оти си игравме „дрндупки“ за да ги соголиме дека немаат појма од толкување на правото

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев на неговиот фејсбук-профил реагираше по повод отфрлањето на приговорите од страна на Државната изборна комисија (ДИК).

„1.500 приговори на Левица се отфрлени. И со право. Оти си игравме дрндупки, за да ги соголиме дека немаат појма од толкување на правото.

Но, 500 приговори ни се мериторно ОДБИЕНИ – со образложение дека „не биле впишани никакви забелешки од нашиот претставник во Записникот“!? А, пази, богати – ние приговараме дека сумираните резултати не одговараат во хартиените и во електронски внесените записници!

Впрочем, како би можел нашиот претставник на конретното избирачко место, да претпостави или да знае, дека по неколку часа од затворањето на местото и сумирањето на резултатите – истите ќе бидат погрешно внесени во електронскиот систем на ДИК?

Дали е тој видовит, па да знае однапред што ќе се случува во иднина, за да може уште на самото место, прејудициелно и превентивно да „стави писмени забелешка во записникот“!?

Затоа, за да ја доведеме тотално до апсурд искривоколчената логика на неспособните од ДИК, утре – нашиот правен тим – ќе поднесе 101 ТУЖБА до Управниот суд,“ најави Апасиев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дерковски: Приговорите од ниту една партија не беа целосни, 1.478 од Левица не беа потпишани

фото: Фејсбук/Апасиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитерџиите за новите истраги на СЈО: Миле и смоки да отвори, ќе му се падне обвинение

Редакција

Во случај на судир на две права, предност треба да им се даде на правата на детето, вели Зибери за штрајкот

Редакција

(Видео) Реакцијата на Османи и Адеми кога дознаа дека Груби е ставен на „црната листа“ – хит на социјалните мрежи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница