еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Апел од средното музичко училиште: „Денови на македонската музика“ не смеат да згаснат

Откако манифестацијата „Денови на македонската музика“ не доби ниту денар преку Годишната програма на Министерството за култура, реакции пристигаат од сите страни.

Од средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“ реагираа, а нивното соопштение од фејсбук-страница го пренесуваме во целост:

„ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ е првата и можеби најзначајната станица за втемелување на музичкото образование и воспитување на децата. Така, нескромно ќе се согласиме, зародишот на музичката мисла и поттикот за негување на професијата изведувач, композитор и педагог е токму тука.

Секојдневната посветена работа со децата и младите не’ потсетува на макотрпниот пат кој оваа професија го претпоставува. Оттaму, и можноста да се настапи на јавна сцена или да се даде живот на партитурата, за сите нас, но пред се’ за нашите деца – оние на кои иднината им припаѓа, барем во оваа професија, е еден од најзначајните моменти во животот.

Токму Денови на Македонската Музика, изминативе седум децении, со поддршка на Сојузот на композиторите на Македонија, ја даваше и сеуште овозможува подиум за живот на партитурата и првите звуци на младите професионалци.

Колективот на ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ укажува на неопходноста за промена на одлуката на Министерството за култура за 2019 година, на чиј “репертоар“ ДММ изостана. Ова, од уште една причина што и младите автори, но и оние веќе вреднувани и почитувани создаватели и изведувачи, можноста за сопствена но и пред се’ промоција на македонската музика, честопати и како единствена и последна шанса ја гледаат токму во ДММ.

Поддршка за единствената манифестација која негува вредна македонска музичка мисла и традиција- Денови на Македонската Mузика“.

фото: Фејсбук-профил на ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двојно помалку пари за „Скопски џез фестивал“ од Министерство за култура

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 1.506 починати од Ковид-19, 260 биле вакцинирани

Редакција

Надлежните да земат цевче за да дишат за да ја сфатат итноста на нашата состојба, порачаа пациентите со цистична фиброза

Редакција

Проф. Трајковски: Нема да биде лесно, речиси е сигурно дека во текот на октомври или почетокот на ноември ќе дојде до преполнување на болниците

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница