еМагазин
Image default
Македонија

Апелација ја отфрли жалбата, Спиро Ристовски останува во притвор

Поранешниот министер за образование, Спиро Ристовски останува во притвор откако Апелацискиот суд ја отфрли неговата жалба и го потврди решението на Кривичниот суд за продолжување на мерката притвор, потврдија за МИА од Апелација.

Ристовски, кој издржува мерка притвор во Затвор Скопје, е еден од осомничените како организатор на настаните на 27. април во Собрание во 2017 година.

На јавна седница Ристовски бараше да му биде укинат притворот и изразувајќи уверување дека нема да бега, ниту би влијаел на сведоци затоа што, како што рече, е уверен дека ќе ја докаже невиноста.

Како организатори за  „27 април“ освен Ристовски обвинителството ги гони и експремиерот Никола Груевски и Никола Бошковски кои се во бегство, пратеникот Трајко Велјановски на кого Собранието не му го одзема имунитетот и екс министерот Миле Јанакиевски кој првично беше во притвор, а сега е во домашен.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Oколу 1.000 лица дневно ќе може да се фотографираат за документи во новоотворениот пункт во Скопје

Редакција

Најмногу на возраст од 60 години и со претходни заболувања, детали за починатите од коронавирусот во Македонија

Редакција

СДСМ: На прославата на ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваше ниту еден претставник на дипломатскиот кор

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница