еМагазин
Image default
Македонија

Апелација ја укина пресудата за Ѓоко Поповски за „Триста„ на СЈО: Случајот вратен на повторно судење

Укината е првостепената пресуда за случајот „Триста“ на Специјалното јавно обвинителство и случајот е вратен на повторно судење, потврдија за МИА од Апелацискиот суд во Скопје. Одлуката, како што информираа од Апелација, е донесена минатата недела.

Во овој случај, што се однесува на набавката на возила за потребите на Министерството за внатрешни работи, на деветгодишна затворска казна е осуден поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски.

Поповски, како што напишаа дел од медиумите, е префрлен од затворот „Идризово“ во истражниот затвор „Скопје“, бидејќи второстепениот суд му одредил мерка притвор.
Пресудата за затворската казна на Поповски беше донесена во мај годинава.
МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 81 пациент, а вкупно се лекуваaт 613

Редакција

Поранешниот припадник на ОВК, Рамадани, кој беше уапсен во Македонија во домашен притвор

Редакција

На иселениците „им е гајле“ кој ќе биде претседател: За гласање досега пријавени 1.074 лица, најмногу во Венеција

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница