еМагазин
Image default
Македонија

Апелација одлучува по жалбата за „Тенк“: Има ли надеж за Јанкулоска?

Апелацискиот суд Скопје денеска треба да одлучува по жалбата на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска за пресудата во случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра.

Јанкулоска за предметот „Тенк“ на 8 октомври минатата година беше осудена на шест години затвор. Судењето за Јанкулоска беше одвоено откако се породи.

При набавката на службениот „мерцедес“ за поранешниот премиер, Никола Груевски, Јанкулоска ја злоупотребила службената положба и овластувања при што била нарушена и тендерската постапка бидејќи бил фаворизиран еден економски оператор.

Кривичниот суд во предметот за набавката на владиниот „мерцедес“, вреден 600 илјади евра, го осуди првообвинетиот Ѓоко Поповски на шест години и шест месеци затвор, а второобвинетиот Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото на две години затвор.

Апелацискиот суд во целост ја потврди првостепената пресуда за Никола Груевски, а делумно ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на четири и полгодини затвор.

Груевски избега во Будимпешта каде доби азил, а Поповски се наоѓа во затвор.

МИА/Фото: Фејсбук/Гордана Јанкулоска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Имотот не е ВМРО, туку народот, вели Мицкоски за судската одлука за конфискација на партиското седиште

Редакција

 „Титаник 3“ породолжува на 25 октомври со сослушување нови сведоци

Редакција

Дури 710 поранешни функционери не поднеле анкетен лист кога им завршила функцијата, велат од Антикорупциска

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница