еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Јапонски научници дизајнираа маска која детектира коронавирус, со помош на антитела од ној

Научници од Јапонија тврдат дека со помош на антитела од ној дизајнирале маска што помага да се утврди присуство на коронавирус. Необичниот метод за откривање на вирусот го разви тим од Универзитетот на Кјото.

Јапонските научници на ноевите им инјектирале неактивен и безопасен облик на коронавирус, а потоа ги извадиле антителата на посебен филтер поставен во маската. Овој филтер свети под УВ-светлина кога вирусот е присутен.

Претседателот на Универзитетот и водач на проектот, Јасухиро Цукамото лично се уверил во откритието и рече дека и самиот бил заразен со коронавирусот, откако носел една од експерименталните маски.

– Можеме масовно и евтино да произведуваме антитела од ној. Во иднина сакаме да го претвориме ова во лесна алатка за тестирање што секој може да ја користи, рече Цукамото.

Планот е неговиот тим да спроведе експеримент со 150 учесници и да добие дозвола од Владата за продажба на маските следната година.

МИА/Фото: Photo by Jacek Pobłocki on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За влез во Србија сепак нема да ни треба негативен тест за Ковид-19

Редакција

(Галерија) 30 години дански Конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Мукаетов

Редакција

Банките не смеат да наплаќаат за затворање платежна сметка, дебитни и кредитни картички ако договорот е постар од шест месеци

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница