еМагазин
Image default
Свет

Јапонските цреши процветаа во март, најрано во последните 70 години

Цветањето на јапонските цреши оваа година започна најрано во последните седум децении, а експертите наведуваат дека причина за тоа најверојатно се климатските промени.

Цветањето на црешите го следи Јапонската метеоролошка агенција речиси 70 години, а забележано е дека првата цреша оваа година процветала во Кјото на 26 март.

Слични рекорди се регистрирани во повеќе десетици градови низ земјата.

Цветот на црешата „сакура“ вообичаено цвета во април, кога Јапонија го слави почетокот на новата учебна и работна година. Но, сега повеќето дрвја процветале пред првиот училишен ден.

Научникот за заштита на животната средина во Осака, Јасујуки Аоно, кој ги следи историските документи, изјави дека најраното цветање пред оваа година било на 27 март во 1612, 1409 и 1236 година.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЗО: Укинувањето на рестриктивните мерки не значи крај на епидемијата во ниту една земја

Редакција

Во Украина досега убиени 406 цивили, од кои 27 се деца, 1,7 милион граѓани ја напуштиле земјата

Редакција

Во кои европски земји луѓето поминуваат најмалку време на работа

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница