еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

Апсења и обвиненија за убиство по земјотресот во Албанија

По разорниот земјотрес што Албанија ја погоди на 26 ноември и е најтежок по оној од 1979 година, властите почнаа со апсења под обвиниение за убиство и злоупотреба на службената положба.

Акцијата следува по ултиматумот на државниот јавен обвинител Олсијан Чела и почна од Драч.

Тимовите за истраги за земјотресот во Драч потпишаа 17 наредби за притвор на инвеститори, градежни инженери и официјални лица поради прекршување на безбедносни стандарди при градење.

Од вкупниот број издадени наредби уапсени се девет лица додека по другите се трага, но основано се сомнева дека ја напуштиле земјата.

Осомнени се за непочитување на стандардите за безбедност на објекти, вклучително и хотелите „МираМаре“ и „Тропикал“.

Четири лица се обвинети за намерно убиство на 24 жртви во земјотресот во Драч. Тројца од нив се сопственици на градежни фирми додека едниот е раководител на секторот за урбанузам кој дозволил да се вратат жители во оштетана зграда во која потоа животот го згуби полициски старешина.

Меѓу уапсените се Ружди Џека (79), градител на хотелот „МираМаре“, каде загинаа две лица и Абдула Осман (61), градител на хотелот Тропкал“, каде загинаа двајца браќа од Косово.

Полицијата не успеа да го уапси градителот на четрикатната куќа на фамилјата Лала каде животот го загубија осум членови, кој веднаш по земјотресот ја напуштил земјата.

Обвнителството во Драч повикало на распит 90 лица: инженери, сопственци на објекти, инвеститори и други надлежни. Истрагата опфаќа најмалку 60 градежни фирми.

Нелегалното градење е еден од најголемите проблеми во Албанија од падот на комунизмот во 1990 година, кога голем број жители се преселија во градовите, што услови масовна града со слаба контрола од власта.

МИА/Фото: Associated press

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Активни шест пожари во Македонија, три под контрола

Редакција

Скопјани пријавија 349 осигурани штети од силното невреме: Имотот на „Ист Гејт Мол“ осигуран со франшиза од 100.000 евра

Редакција

(Во живо) Војна на улиците на Париз

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница