еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Арбен Таравари избран за в.д претседател на Алијанса за Албанците

Градоначалникот на Гостивар Арбан Таравари е избран за в.д. претседател на Алијанса за Албанците, објавија на Фејсбук страницата од оваа политичка партија. Одлуката е донесена на денешното партиско Централно собрание.

Инаку, пред почетокот на партиското Централното собрание, Зијадин Села изјави дека неговото повлекување од лидерската позиција во партијата не значи и повлекување од политиката.

Села посочи оти очекува од новиот партиски лидер да продолжи да ја гради Алијанса за Албанците, а партијата да излезе посплотена, посилна и поприсутна на терен.

На денешното Централното собрание, покрај изборот на нов в.д. претседател на Алијансата за Албанците, се очекува да се расправа и за оставката на пратеничката Иљире Даути од функцијата координатор на пратеничката група на АА во Собранието.

Како што изјави за МИА портпаролот на партијата, Арбен Зекири, по завршување на Централното собрание, се очекува новиот в.д. претседател Таравари да даде изјава за медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алијанса за Албанците денеска избира в.д. претседател: Села се повлекува од лидерската позиција, но не и од политиката

МИА/Фото: Фејсбук/Таравари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Осум дена притвор за пиштолџијата од „Скендербег“

Редакција

Дождот ни ги изгасна сите тешки пожари

Редакција

Вкупно 1.164 здравствени работници се заразиле со Ковид-19, починале осум

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница