еМагазин
Image default
Македонија

Данела Арсовска ги собра потписите за кандидатурата за градоначалничка на Град Скопје

Независната кандидатка за градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска на Фејсбук објави дека ги собрала потребните потписи за нејзината кандидатура.

Таа заблагодарувајќи им се на скопјани за потписите, побара поддршка од сите граѓани и партии и истакна дека влегува во оваа трка со чисто срце и јасна визија.

-Денешниот ден го завршуваме со собрани потписи за мојата кандидатура. Ви ветувам дека заедно ќе го направиме градот метропола со која ќе се гордееме. За Скопје од нас, за наше Скопје. Време е за брзи и ефикасни решенија за нашиот град, бидејќи сите сакаме да живееме во убав град, вели Арсовска.

Секоја поддршка, посочи, е добредојдена.

–Само добар менаџер може да го спаси Скопје од сивилото. Доста ни е од приказни дека требаат години да се смени сегашната стагнација на градот. Потребни се луѓе кои се енергични, со искуство и со јасна визија каде оди градот.

Доста е од големи неисполнети ветувања, секој проект се завршува навреме ако е реален и издржан. Затоа повторувам, за две години можни се проекти и тие ќе бидат остварени. Секој што работел со мене знае дека во секој проект давам 100 отсто од својата енергија за да успее, напиша Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателката на ССК, Данела Арсовска независен кандидат за градоначалник на Скопје

Фото: ССК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Пановски: Да понесат одговорност тие што дозволија да имаме 5.000 нови случаи на Ковид-19 и веќе 50 починати

Редакција

Се забранува собирање во група, повеќе од 5 лица во паркови и на други јавни места и површини

Редакција

Во последните три дена, 173 нови случаи на Ковид-19, оздравени 186, тројца починати

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница