еМагазин
Image default
Македонија

„Арсовска покажа суета и ставање на својот личен интерес пред тој на градот“: ВМРО-ДПМНЕ разочарани од „аматерскиот однос“

Данела Арсовска разочара затоа што не испорачува резултати, ВМРО-ДПМНЕ докажа дека се бори за принципи, не за гола власт, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Лошото управување со градот Скопје и нереализирање на ветеното се работи преку кои ВМРО-ДПМНЕ нема да помине. Без разлика за кого се работи.

Арсовска покажа суета и ставање на својот личен интерес пред тој на градот.

Со нејзиниот аматерски однос, кој не знаеме од какви побуди е поттикнат таа загрозува мултимилионски проект, каков што е прочистителната станица на реката Вардар.

Арсовска имаше лош однос и кон ЈП Дрисла и кон ЈП Градски паркинзи, чии директори со сопствени капацитети ја унапредија работата на тие претпријатија.

Арсовска наместо да прави сплетки, да се посвети на Скопје,“ велат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е милионскиот тендер кој ги скара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ

Каков имот пријавил Јане Мицевски, директор на ЈП „Дрисла“, кој поднесе оставка

Каков имот пријавил Бојан Христовски, директорот на „Градски паркинг“ – Скопје, кој поднесе оставка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новинарот Љупчо Златев нападнат во ресторан, фотографијата од напаѓачот денеска ќе ја однесе во полиција

Редакција

Поранешниот претседател на Кривичен, Панчевски излегува од затвор, Врховен суд му ја укина казната

Редакција

Џафери е задоволен што го исполнил ветувањето кон пратеничките, им отвори женска соба

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница