еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Арсовска се скара со ВМРО-ДПМНЕ, се здружува со “Огнената група“ на ДУИ и ГРОМ?

Меѓу новите директори на јавните претпријатија во Скопје, градоначалничката Данела Арсовска, го постави и Саид Саид, кој ќе биде нов в.д. директор на ЈП Улици и патишта.

Саид е активист на ДУИ од чаирскиот огранок на партијата, кој деновиве изрази јавно незадоволство преку писмо потпишано од неколку функционери на владејачката партија.

Зухејрн Реџепи пак ќе биде новиот в.д. директор на ЈП Паркови и зеленило и е син на поранешниот реис на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи, и активист на огранокот на ДУИ во селото Свиларе од скопската Општина Сарај, од чиј огранок исто така има незадоволство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Груби и неговите не го сакаат, што остана за другите“: Твитер реакции за незадоволството во ДУИ

(Фото) Незадоволство на „Чаирското крило“ на ДУИ: Кадровските избори се претворија во привилегија на поединецот Артан Груби

По одлуката на Арсовска, да постави за директори активисти и членови на ДУИ и ГРОМ, медиумите шпекулираат дека таа ги донела овие одлуки за да го зголеми влијанието во Советот на Град Скопје, откако претходно поради милионски тендер се скара со ВМРО-ДПМНЕ поради милионски тендер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е милионскиот тендер кој ги скара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ

Дел од медиумите шпекулираат и дека Арсовска има и поголеми политички амбиции, односно да формира своја партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Веганка и активистка за правата на животните: Која е Радмила Пешева, новата директорка на ЈП „Лајка“

Кој е Крсте Петревски, генералниот секретар на ГРОМ, кој е новиот директор на Градски паркинг

Фото: Фејсбук/Арсовска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Измени во возниот ред на автобусите што сообраќат до Средно Водно

Редакција

Починаа седум лица од Ковид-19, вкупно до сега 5.455

Редакција

Бугарското МНР „загрижено“, оти Македонија донесе закон со кој забранува здруженија да користат имиња поврзани со фашизмот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница