еМагазин
Image default
Македонија

Артан Груби: Иванов и ВМРО-ДПМНЕ први да постават двојазична табла пред нивните седишта

Пратеникот на ДУИ и претседател на собраниската Комисија за европски прашања, Артан Груби, на прес-конференција во Собранието порача дека Законот за јазиците денеска стапува на сила и дека ВМРО-ДПМНЕ треба да се надмине себеси и да биде првиот фактор што ќе постави двојазична табла, пренесува Мета.

Тој рече дека институциите веднаш треба да се придружуваат до законските одредби и да ги применат. Нагласи дека, за разлика од претходното законско решение, новото предвидува формирање на Инспекторат што ќе ја контролира примената на Законот.

-Сите институции во земјава мора да го почитуваат Законот. Нелегитимниот претседател во заминување има уште два месеци во неговата канцеларија. Прочитајте ги законите, Уставот и Деловникот. Објавата на Законот за јазиците во „Службен весник“ е според законот.

Да појаснам тој има законска обврска да го потпише само прогласот на законот, додека самиот закон се потпишува од претседателот на Собранието. Објавата на законот заедно со законот за ратификација на договор со Грција е целосно согласно законите.

Сметаме дека Иванов и ВМРО-ДПМНЕ треба да се надминат и да бидат први кои ќе напишат ВМРО-ДПМНЕ пред нивното седиште и на албански јазик – рече Груби.

Мета/Фото: Фејсбук/Груби

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Ахмети со двоглав орел честиташе за Законот за јазици

Иванов: Објавувањето на Законот за јазици и Договорот од Преспа во Службен весник без мој потпис е противуставно и претставува основа за кривично гонење

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Талат Џафери и законот за двојазичност ќе го даде на Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Замир Мехмети ќе го советува генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски

Редакција

Уапсен газдата на „Ритрон копи“ за тендерите за телевизори во Државна лотарија

Редакција

Владата сака уставните амандмани да ги дефинира заедно со опозицијата заради национален консензус

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница