еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Артан Груби останува шеф на кабинетот на Али Ахмети: ДУИ избра 16 секретари на секретаријати

Портпаролот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи соопшти дека на седницата на централното претседателство завршени се две од предвидените три точки од дневниот ред и дека избрани се 16 секретари за ист број на партиски секретаријати.

Артан Груби е избран за шеф на кабинетот на лидерот на партијата Али Ахмети, Бујар Османи за портпарол на партијата, а за заменик портпарол на партијата Арбр Адеми.

Според Османи, едногласно се избрани сите советници во кабинетот на Ахмети и сите секретари во секретаријатите.

– Се одеше по предложениот дневен ред односно се разговараше за актуелната политичка состојба во земјата со акцент на евроинтеграциите на создадениот политички моментум во евроинтеграциите определувајќи ја 2030 како година кога земјата треба да стане членка на Европската унија. Со тоа уставните измени и самите преговори остануваат главен приритет на партијата во наредниот период, а очекуваме и главен општествен приоритет, изјави Османи.

Третата точка предвидена за презентација на извештајот за работа на министрите, заменици министри и државните секретари, според Османи, може да трае со часови.

-Во моментот, првиот вицепремиер го дава извештајот. Извештајот е во писмена и во усна форма. Очекуваме да се развие дебата по сите аспекти. Ова се разбира е додадена вредност во партијата со вклучување на сите членови во евалуација на работата на избраните функционери.

Писмен извештај ќе биде споделен и до новинарите со цел и вие да се вклучите во евалуација на работата. Мислам дека воведуваме нов квалитет во проценката на отчетноста на избраните функционери, не само пред структурите на партијата, туку и пред јавноста, рече Османи.

Меѓу избраните секретари се Теута Арифи во секретаријатот за образование и наука и Невзат Бејта за локална самоуправа.

МИА/Фото: ДУИ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Новак Ѓоковиќ ја сподели успешната приказна на младиот македонски бизнисмен Душко Чифлиганец

Редакција

Втора регионална конференција на професионални сметководители: Нова ера во сметководството – стандардите како предизвик, технологијата како сојузник

Редакција

За што разговараа Г.г. Стефан и рускиот митрополит Антониј

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница