еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

АСОМ исплати милион денари на дел од семејствата на настраданите кај Лaскарци, апел до останатите да ја контактираат асоцијацијата

Веднаш по автобуската несреќа кај Лaскарци која се случи на 13 февруари годинава, членките на Асоцијацијата на Спортски Обложувалници (АСОМ) обезбедија донација од 1.200.000 денари како помош за семејствата на настраданите во оваа голема трагедија, информираат од таму.

Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) досега исплати околу 1 милион денари на 41 семејство на настраданите во несреќата кај Ласкарци, од вкупно 54. Во недостиг на податоци за останатите 14 семејства, исплатата на средствата се уште не е реализирана.

„Асоцијацијата на Спортски Обложувалници и нејзините членки едногласно донесоа одлука да се донираат парични средства на семејствата на настраданите во несреќата, по што стапивме во контакт со дел од нив, на кои средствата веќе им се исплатени.

За жал, за дел не успеавме да обезбедиме податоци. Сосема разбирливо, во моменти на голема болка и тага кон загинатите и грижа за настраданите, некои од семејствата не стигнаа да ги достават своите податоци до асоцијацијата.

Во оваа прилика ги повикувам преостанатите 14 семејства да ја контактираат асоцијацијата за да им ги исплатиме средствата кои им следуваат“, апелира Васко Илијески, претседател на АСОМ.

Семејствата можат да ја контактираат АСОМ на: [email protected] на која треба да ги достават следните податоци: име и презиме, матичен број и број на трансакциска сметка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Shooting Star“ за 2021 година: Македонката Сара Климоска една од десетте европски актерски имиња

Редакција

Дружење со децата од „Дајте Музика“ во „Рамстор Мол“

Редакција

Убава вест: Преку донатори се обезбеди и вработување за таткото и братот на Верица, чии органи спасија неколку животи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница