еМагазин
Image default
Свет

„АстраЗенека“ побара одобрение за третман со антитела против Ковид-19

Британско-шведската фармацевтска компанија „АстраЗенека“, која разви една од првите вакцини против коронавирусот, побара од Американската администрација за храна и лекови (ФДА) да го одобри нејзиниот третман со антитела за спречување на болеста.

Компанијата денеска соопшти дека третманот познат како AЗД7442 ќе биде првата комбинација на антитела со долго дејство која би добила одобрение за итна употреба за превенција од Ковид-19.

„Третманот може да им помогне на луѓето чиј имунолошки систем не реагира соодветно на вакцинација“,  наведува „АстраЗенека“.

Извршниот потпретседател на „АстраЗенека“, Мене Пангалос рече дека ранливото население, како што се луѓето со слаб имунолошки систем, често не можат да развијат заштитна реакција по вакцинацијата и ризикуваат да добијат Ковид-19.

Според него, со овој препарат, светот е поблиску до обезбедување дополнителна опција за заштита од Ковид-19, покрај вакцините.

Побарувачката за третмани за антитела во САД се зголеми во текот на летото, особено во држави како Флорида, Луизијана и Тексас, каде хоспитализациите кај невакцинираните пациенти се закануваат да го преоптоварат здравствениот систем.

Главниот третман на антитела што се користи во САД е Регенеронов двоен коктел на антитела. ФДА го одобри препаратот Регенерон како заштита за лицата со висок ризик од тежок облик на Ковид-19.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одговор „тежок и во корист на Русија“: Захарова со закани кон земјите кои протераа руски дипломати

Редакција

Руската економија годинава ќе падне за 10%

Редакција

Новиот крал на Обединетото Кралство ќе биде Чарлс Трети

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница