еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Авионот на „Air Serbia“ со македонските државјани полета од аеродромот во Тел Авив

Со мало задоцнување полетаа патниците од аеродромот Бен Гурион во Тел Авив кои се пријавија на повикот за евакуација и репатријација во Македонија, велат од МНР за МИА.

Се очекува тие да пристигнат на Меѓународниот аеродром во Скопје околу 15.15 часот.

Владата организираше бесплатен авионски превоз за граѓаните кои побараа помош и евакуација од Израел.

Во услови на целосно откажани летови и блокиран авио транспорт со Израел, предизвикот за организирање на овој чартер лет е надминат преку соработка со „Air Serbia“ за транспорт на граѓаните кои побарале помош, соопшти вчера Владата посочувајќи дека трошоците за летот ќе бидат покриени од Буџетот.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера на прес-конференција информира дека од Израел досега се вратени 60 македонски државјани, од вкупно 150 кои побарале помош.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Возачот на министерот Бесими ја предизвикал сообраќајната несреќа кај Влада

Редакција

„Заев до Меркел: Ако не, па името да го вратиме„: Твитер реакции за датумот за преговори со ЕУ

Редакција

Запленетата гардероба на Боки 13 проценета на 595,6 илјади евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница