еМагазин
Image default
Македонија

АВМУ покрена постапки за одземање на дозволите за работа на Радио Бикиал и ТВ Ирис

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) на денешната седница одлучи да почне постапка за одземање на дозволата за радиоемитување на Радио Бикиал од Битола поради недоволна кадровска екипираност.

Како што беше истакнато, при контрола било утврдено дека во радиото има само едно лице со високо оразование, а согласно одредбите за локално радио непоходно е да има минимум три вработувања од кои две на местото новинар со високо образование.

Постапка за одземање на дозволата за емитување беше покрената и против ТВ Ирис од Штип заради нецелосно плаќање на надоместокот. Телевизијата, беше нагласено, во законски предвидениот рок не го платила надоместокот, а тоа го правела и во изминатите три години кога плаќале по добивањето на опомната и отпочнувањето на постапката за одземање на дозволата. Очекуваат и годинава да се случи тоа, бидејќи им останало да доплатат уште 100.000 денари.

АВМУ на денешната седница го прифати предлогот за промена на сопственичката структура на РТВ Дрини од Струга и заклучи дека постои недозволена медиумска концентрација кај Супер Радио од Охрид, бидејќи основачот на радиото е основач и на агенција за маркетинг. Основачот има рок од 30 до  90 дена да го реши проблемот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 748 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција

Градоначалникот Јанкоски: Состојбата со Ковид-19 во Вевчани се смирува

Редакција

1.507 административци добиваат плата, а не одат на работа

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница