еМагазин
Image default
Македонија

АВМУ: Прекршочни пријави за 1ТВ и ТВ Сонце за недозволено референдумско рекламирање

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) ќе покрене прекршочни постапки против ТВ1 и ТВ Сонце за констатирани прекршувања на референдумското рекламирање во периодот од 15. до 20 септември годинава.

– АВМУ констатираше дека по јавното укажување од 14 септември, два радиодифузери од оние кои се предмет на надзор за начинот на покривање на референдумот не го усогласија емитувањето на платената јавна пропаганда со Упатството за медиумско претставување за време на референдум. 1ТВ не го почитуваше дозволеното време за емитување на рекламните пораки „ЗА“ референдумот, а ТВ Сонце рекламните пораки за „БОЈКОТ“ на референдумот, спротивно на правилата, ги емитуваше во повеќе изданија на посебни информативни програми. Против двата радиодифузера, Агенцијата ќе покрене прекршочни постапки за прекршувањата констатирани во периодот од 15 до 20 септември 2018 година, соопшти АВМУ.

Дополнително, се вели во соопштението, проверката на почитувањето на правилата за емитување платена јавна пропаганда во овој период, покажа дека кај неколку радиодифузери, на 20 септември 2018 година, има отстапувања во поглед на лимитите за емитување на рекламните пораки „ЗА“ референдумот.

– Доколку податоците од следните денови покажат дека не станува збор за ненамерни грешки, и за овие радиодифузери ќе следат мерки согласно регулативата, потенцираат од АВМУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И Скендер Реџепи најави формирање на нова политичка партија

Редакција

Македонија под закани за кибер напади, МНР било цел на обид и пред ескалацијата во Украина

Редакција

Љубчо Георгиевски: Ветото на Бугарија ќе биде континуитет на бугарската катастрофална политика

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница