еМагазин
Image default
Македонија

АВМУ: Телма и Алсат-М го прекршија изборниот молк

Телевизиите Телма и Алсат-М го прекршија изборниот молк објавувајќи аудиовизуелни материјали за носител на функција во органите на власта кој воедно активно учествуваше во кампањата на еден учесник во изборниот процес, соопшти денеска Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), која прекршувањето го констатирала при проверка на начинот на известување на радијата и телевизиите за време на изборниот молк.

Во рамки на законските рокови, Агенцијата најавува дека ќе поднесе барања до надлежниот суд за покренување прекршочни постапки против двете телевизии.

Согласно со Изборниот законик, за време на изборниот молк, медиумите не смеат да објавуваат какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои се открива идентитетот на политички субјекти и/или поединци вклучени во инциденти или неправилности на денот на гласањето; како и изјави од кандидати во изборниот процес, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта, наведуваат од АВМУ.

Ги повикуваат сите радиодифузери да известуваат одговорно и професионално и да ги почитуваат правилата кои важат за изборниот молк, имајќи го предвид, потенцираат, специфичниот период во кој се наоѓа изборниот процес.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) МНР се извини: Османи ја пречека колешката Фајон од Словенија, со словачко знаме

Редакција

Не бегам од одговорност, но здравствениот систем е комплексен и мора да се менаџира, вели Филипче

Редакција

„Не е нормално да летате од Софија за Скопје преку Виена“: Победникот на изборите во Бугарија, Петков најави нов пристап и подобри односи со Македонија

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница